И Реал Мадрид подмитувал судии, но Флорентино Перес е недопирлив за шпанските власти?!

Судот во Барселона пред неколку дена покрена обвинение против фудбалскиот клуб Барселона поради давање мито на судиите во случајот „Негреира“, а поранешен полициски инспектор тврди дека и Реал Мадрид исто така подмитувал судии.

Шпанската полиција неодамна извршила претрес во канцелариите на Барселона и пронашна компромитирачки материјали, а поранешниот инспектор Хосе Мануел Виљарехо смета дека и Реал Мадрид им давал мито на фудбалските судии.

„Пред да излезе на виделина скандалот со Барселона, утврдив дека и Реал Мадрид го правел тоа. Но, во Шпанија сè што е поврзано со Флорентино Перес, не смее да се истражува. Тоа би било самоубиство, бидејќи тој е недопирлив“, изјави Виљарехо.
Од Реал веднаш ги демантираа овие обвинувања на поранешниот инспектор, а претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, најави тужба против Виљарехо.

- Оглас -

Најнови вести