И шпанската „Марка“ со навредлива карикатура за Ѓоковиќ (фото)

Реномираниот француски лист „Л’екип“ пред неколку дена објави карикатура претставувајќи го Новак Ѓоковиќ како дворски шут со име „Ѓоковид“, откако неговиот Адрија турнир го рашири корона-вирусот во тенискиот свет.

И самиот прв светски рекет е меѓу заразените, по што овие денови трпи доста остри критики од сите страни, а на ред дојде и шпанскиот медиум „Марка“, исто така со карикатура удри по српскиот тенисер.

Ѓоковиќ е претставен како држи пехар во рцете во облик на корона-вирус, до дополнителен коментар: „Што ли мислеше тенискиот гениј, себичниот незнајко кој говори дека сè што прави е со чисто срце и најдобри намери“.

- Оглас -

Најнови вести