И со навивачи на трибини понекогаш не бива – Снимаа, па едвај се спасија од агресивните домашни симпатизери (Видео)

Во меч од кантоналната лига во Босна и Херцеговина се случи сериозен инцидент, а беше нападната гостинската екипа камермани, кои ги снимаат натпреварите на некогашниот стандарден југословенски прволигаш Челик од Зеница.

Инцидентот се случи во Жепче, екипа која беше и првак на Босна и Херцеговина, но сега, исто како и Челик, игра во најнизок ранг на натпревари.

Дел од симпатизерите на домашниот тим, кој во сезоната 2005/06 играше во квалификациите за настап во УЕФА купот против кумановски Башкими, биле агресивни и ја нападнале екипата камермани која ги снима сите мечеви на Челик.

Снимателите едвај спасиле жива глава, а во атакот биле и удрени и пријавиле повреди.

 

- Оглас -

Најнови вести