Мајсторски баланс во Куклиш – Со четири кеца и нули до добивка од 4.000 евра

Во Куклиш и во Гостивар има мајстори за добитни тикети и тоа по принципот на старата добра школа на обложување со тикети на кои се типувани натпревари само со конечен тип.

ЗА ДА ИМА РАМНОТЕЖА, ФАТИЛ ЧЕТИРИ КЕЦА И ЧЕТИРИ НУЛИ ЗА ДОБИВКА ОД 4.000 ЕВРА

Во Куклиш на елегантен начин добитникот на тикет со 8 пара направил добитен баланс, со одиграни четири кеца и четири нули, а добивката е 246.731 денар, или околу 4.000 евра.

Интересно е што почетокот на тикетот беше и најтежок, а нулата на мечот од Третата германска лига меѓу Халешер и Инголштад стигна во 92-рата минута, кога домаќините израмнија на 1:1.

Сè потоа одеше мазно и како нарачано за мајсторот што го уплатил тикетот во Куклиш, и тоа за сума од 100 денари. Се наредија и нулите на дуелите меѓу Теплице и Словачко, Сиваспор и Галатасарај и Белененсеш против Фамаликао, а единиците беа релативно лесни.

Челзи го растури Евертон со 4:0, Дерби го стори тоа со Блекбурн и славеше со 3.0, а и Мореиренсе рутински го надигра Маритимо и славеше со 2:0. Најтешко беше на француското дерби меѓу Лил и Лион, но за да биде добитен тикетот, се погрижи Лоа Реми со победнички гол за домаќините во 33-тата минута.

ВО ГОСТИВАР 11 ЕДИНИЦИ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ, ТУКУ ДОБИВКАТА ОД 83.000 ДЕНАРИ

Уште еден интересен тикет со погодени 11 конечни типови, и тоа сите прогнозирани и фатени со единици, во Гостивар донесе добивка од околу 1.360 евра.

Типувани се натпревари од 11 различни првенства, а меѓу нив е и единицата во Кратово, каде што Силекс ја победи Македонија Ѓорче Петров со 1:0. Тој меч заедно со дуелите во Сараево меѓу Железничар и Тузла што заврши со идентичен резултат од 1:0 и турскиот меѓу Акхисар Беледие и Османлиспор што домаќините го добија со 3:2 беа најнеизвесни, но сепак и погодени на тикетот со 11 единици за убава добивка од околу 1.360 евра.

- Оглас -

Најнови вести