И Стојановиќ нема да се брани – Летонците со тројца напаѓачи против Македонија

Вечерва нема што да се брани во Рига, па и двајцата селектори, Игор Ангеловски и Славиша Стојановиќ, се одлучија да почнат со офанзивни состави.

Кај нас, како што веќе објавивме, Иван Тричковски ќе биде шпиц на местото на Илија Несторовски, а со него за голови ќе бидат задолжени и капитенот Горан Пандев и Елиф Елмас, заедно со Александар Трајковски.

Адути за голови имаме и во средниот ред, а зад квартетот офанзивци ќе бидат Аријан Адеми, стрелецот на голот против Израел, и секогаш опасниот Енис Барди.

Езџан Алиоски ќе биде задолжен за пробиви по левата страна, а Егзон Бејтулаи ќе делува на спротивната десна бочна позиција. Стандарден стоперски тандем се Висар Муслиу и Дарко Велковски, а повторно шанса да биде на голот доби Столе Димитриевски.

Летонците ќе напаѓаат со тројца офанзивци, а интересно е тоа што едниот од нив е Јанис Илкауниекс, кој беше дополнително повикан по дебаклот од Австрија со 0:6. Од 24-ти играч кај Летонците, напаѓачот на Лиепаја стана стартер и на него треба да внимаваме, исто како и на Улдрикис и на Гутковскис.

Еве ги составите на двете репрезентации:

Летонија, формација 4-3-3: Ванис, Ругинс, Черномордијс, Максименко, Петерсонс – Камешс, Лаизанс, Кигурс – Илкауниекс, Улдрикис, Гутковскис. Селектор: С. Стојановиќ.

МАКЕДОНИЈА, 4-2-3-1: Димитроевски – Бејтулаи, Муслиу, Велковски, Алиоски – Адеми, Барди, Трајковски, Пандев, Елмас – Тричковски. Селектор: И. Ангеловски

 

- Оглас -

Најнови вести