И Столе Димитриевски го доби пивото од Меси (Фото)

Спонзорот на Лионел Меси, компанијата за пиво „Бадвајзер“, направи специјална серија на пива за сите голмани кои имаат примено гол од Меси, тоа значи дека ќе се поделат 644 пива, а едно од тие е наменето за Столе Димитриевски.

Нашиот репрезентативен голман како чувар на мрежата на Рајо Валјекано прими гол од пенал од Меси, па и тој доби едно пиво.

Димитриевски на „Инстаграм“ се пофали дека го добил пивото и напиша: „Брилијантно изменаџирано. Благодарам за најспецијалното пиво“.

Столе го прими 586-тиот гол на Лео Меси во дресот на Барса, па затоа пивото има етикета со тој број. Фотографијата на Столе со специјалното пиво може да ја видите тука.

- Оглас -

Најнови вести