И такво чудо видовме – „Делии“ им аплаудираа на фудбалери на Партизан (ВИДЕО)

Црвена звезда со 2:1 го победи Партизан и го освои Купот на Србија. На преполниот стадион „Рајко Митиќ“ домашниот тим беше предводен од Александар Катаи кој што постигна два прекрасни погодоци. „Делии“ откако во неделата ја славеа титулата во првенството сега имаат нова причина за радост, а ретко виден момент се случи на трибините.

Најголемиот дел од играчите и стручниот штаб на Партизан си заминаа и не ја дочекаа делбата на медалите, а останаа само Милош Љојиќ и Иван Обрадовиќ, па поради таквата нивна одлука, добија громогласен аплауз.

- Оглас -

Најнови вести