И тениската сезона трпи пореметувања, ОП на САД следно за одложување

Тениската федерација на САД не ја отфрла опцијата за Отвореното првенство да се одржи на нов датум. Откако организаторите на Ролан Гарос одлучија да го поместат Гренд слемот за септември поради ситуацијата со Kоронавирусот, распоредот во сезоната тотално се наруши и ќе мора и останатите првенства да се прилагодат.

Со оглед на тоа дека стартот на ОП на Франција ќе стартува на 20 септември и ќе трае до 4 октомври, би значело дека само по една недела тенисерите би се преселиле во САД, каде што ќе се бие битка за преостанатите Гренд слем титули во машка, женска и дубл конкуренција.

Засега е непознато што ќе се случува со Вимблдон, кој е закажан за 29 јуни, додека сите АТП и ВТА турнири кои требаше да се одржат во март и април веќе се откажани.

- Оглас -

Најнови вести