Ѓоковиќ се намачи, мораше и да пцуе, но на крајот победи

Новак Ѓоковиќ не дозволи изненадување и се пласираше во осминафиналето на Гренд слем турнирот во Лондон. Србинот е актуелен бранител на тронот на Вимблдон и засега работите одат според неговиот план. Во 16-финалето, првиот фаворит со 3:0 (6:4, 6:3, 7:6) во сетови го елиминираше Денис Кудла од САД.

Србинот не очекуваше дека ќе има толку проблеми против тенисерот кој е на 114 место на АТП листата. Во првиот сет се играше гејм за гејм и беше 4:4 кога Ѓоковиќ го освои својот сервис, а потоа кога беше најпотребно, направи брејк за 6:4.

Во вториот сет, Ѓоковиќ почна со 2:0, но Кудла потоа успеа да направи брејк, момент кој по Србинот прв пат покажа нервоза на овој дуел и почка дури и да пцуе. За негова среќа, брзо се врати во ритам и го доби вториот сет со 6:3.

Третиот сет беше најтежок за фаворитот. Американецот изненадувачки поведе со 3:0 во гејмови, а потоа Ѓоковиќ како да се налути. Стигна до 4:4, но Кудла не се предаде и во третиот сет беше 6:6, па мораше да се игра тај-брејк.

И во тај-брејкот фаворитот тргна лошо, затоа што Американецот поведе со 3:0, а потоа беше и 4:1 за Кудла. Ѓоковиќнаправи пресврт за 5:4, но драмата продолжи. Најпрво Ноле имаше меч топка на 6:5, а потоа Кудла водеше со 7:6, но не искористи сет поен.

На крајот, по еден час и една минута игра во третиот сет, Ѓоковиќ се радуваше со 9:7 во тај-брејкот и победи со чисти 3:0 во сетови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести