И тоа се случи: Палестинец потпиша за тим од Израел

Абдалах Џабер е 27-годишен дефанзивец кој направи еден од најнеочекуваните трансфери. Џабер кој е Палестинец реши да потпише за израелскиот тим на Хапоел Хадере. Овој трансфер е повеќе од чуден ако се знае нетрпеливоста и тензиите кои владеат помеѓу Израелците и Палестинците.

Џабер е роден во израелскиот град Тајибе, а досега настапуваше за репрезентацијата на Палестина. Сепак, речиси сигурно е дека неговата репрезентативна кариера за Палестина тука ќе биде прекината.

„Играв на десетина важни мечеви за репрезентацијата против Саудиска Арабија, Јапонија и Австралија. Секако дека повторно би сакал да бидам дел од националниот тим, но ако добијам покана и ако ме пуштат од клубот. Сепак познат е проблемот дека двете федерации воопшто не комуницираат“, свесен е за проблемот, Џабер, кој во последните пет сезони настапуваше за тимот на Ал-Халел.

- Оглас -

Најнови вести