И тоа се случи: Преведувач доби црвен картон (видео)

Ќе помислите дека сте виделе сè во фудбалот, но дека црвен картон ќе добие преведувач на тренер за време на фудбалски натпревар е посебно ниво на изненадување.

Огустин Залазар, преведувачот на Матијас Алмеида, тренерот на Сан Хозе, беше исклучен од мечот против Колорадо по неконтролираното однесување покрај аут-линијата. Залазар се расправаше со помошните судии, пред да дотрча главниот арбитар и да му покаже црвен картон.

За разлика од него, тренерот Алмеида доби само жолт картон за приговор.

- Оглас -

Најнови вести