И тоа се случи: Еден човек ќе води две репрезентации и клуб, ќе треба да смислува тактики и за Македонија

Во светот на фудбалот не е чудна ситуацијата еден стратег да има клупски и репрезентативен ангажман. Ако досега се случувало еден човек да води и клуб и национален тим, сега првпат има ситуација еден тренер да биде предводник на еден тим и на две репрезентации.

Руслан Ротен е украинскиот стратег кој е на чело на екипата на Олександрија, а е предводник и на младата селекција на Украина. Ротен прифати во следниот период да биде на чело и на сениорската селекција на Украина и тоа ќе биде до средината на 2024 година, кога ќе започне договорот на легендарниот Сергеј Ребров, кој ќе биде предводник на сениорскиот национален тим.

На овој начин, Ротен стана првиот тренер во професионалниот фудбал кој истовремено ќе води три различни екипи, од кои две се национални селекции. Украина се подготвува за квалификациите за Европското првенство 2024 година, каде што е во група со Македонија, Италија, Англија и Малта.

Според распоредот, Македонија ќе биде домаќин на Украина на 16 јуни, а за 14 октомври е закажан дуелот на кој Украина треба да биде домаќин во овие квалификации.

- Оглас -

Најнови вести