И тоа се случува – две победнички на велеслаломот во Марибор

За првпат по 2014 година се случи на една женска трка од Светскиот куп во алпско скијање да има две победнички. На денешниот велеслалом во словенечки Марибор, првото место за Златната лисица го поделија Петра В`лхова од Словачка и Американката Микаела Шифрин. За Шифрин, која водеше по првото возење, ова е 55-та победа во кариерата, со што се изедначи со Френи Шнајдер на вечната листа, додека В`лхова сега има осум триумфи.

Подиумот го комплетираше Рагнхилд Мовинкел. Норвежанката имаше 93 стотинки послабо време од В`лхова и Шифрин. Киксираше Теса Ворли, која беше само деветта и сега заостанува 81 бод зад Шифрин во борбата за Златниот глобус во дисциплината велеслалом, а ќе се возат уште два велеслалома до крајот на сезоната.

Во генералниот пласман, Шифрин има огромни плус 596 бода во однос на В`лхова. Утре во Марибор се вози слалом за жени и повторно се очекува победа на Шифрин или В`лхова.

- Оглас -

Најнови вести