И трет гигант ќе испадне во втора лига?

Славниот бразилски клуб Гремио е многу блиску до испаѓање од елитното друштво во домашниот шампионат. По 35 одиграни меча, Гремио има освоено само 36 бодови и е на 18-тото место во првенството, со дури четири помалку од Бахија која е 16-та со 40 бодови и меч плус за доигрување.

Теоретски Гремио има шанси да се спаси, но со игрите кои ги покажува, тоа е многу тешко остварливо и тимот е се поблиску до испаѓање во Втора лига. Интересно е што во Бразил веќе два гиганти ја доживеаа судбината која ја чека Гремио.

Крузеиро и Васко де Гама веќе се дел од Втора лига, а сега е Гремио на пат да им се приклучи. Во Јужна Америка веќе и претходно се случувало култните клубови од елитата. Во 2011 година, Ривер плејт за прв пат во историјата испадна во аргентинската втора лига, но потоа се врати посилен и освои многу титули, а и сега е актуелен шампион на Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести