И цврстиот Пепе се расплака по тешката повреда на соиграчот од Порто (Фото+Видео)

Дури и цврстиот и пргав стопер на Порто, Лима Фереира, или попознат само како Пепе, се расплака по тешката повреда на Нану, неговиот соиграч од редовите на повеќекратниот првак на Португалија.

Нану имаше страотен судар со голманот на Белененсеш, Станислав Крицјук, кој налета на играчот на Порто и без намера го повреди.

https://twitter.com/SalibaEra_/status/1357562380289511424?s=20

Играчите на теренот беа во шок, а медицинските лица долго се обидуваа да му помогнат на повредениот играч, па мечот беше во прекин.

Нану веднаш беше префрлен во болница и објавено е дека има потрес на мозокот и повреда на спиралниот дел од рбетот, но е во стабилна состојба.

Мечот потоа се доигра со надополнување од околу 20-тина минути и заврши без голови, но мина во сенка на страотниот судир на Нану и на Крицјук, кој мина без повреда за голманот на домаќините.

 

- Оглас -

Најнови вести