И Тухел нема да чека долго, веќе размислува за иднината и враќање во Премиер лигата

Томас Тухел и Баерн Минхен на крајот од тековнава сезона ќе се разделат поради лошите резултати и неостварените амбиции. Баварците во моментов имаат осум поени помалку од лидерот Баер Леверкузен, а во Лигата на шампионите имаат негатива од 1-0 против Лацио од првиот натпревар.

Сето ова е доволна причина за разделбата со Тухел, но и тој нема да чека долго и веќе преговара или разговара со екипите кои би можел да ги преземе од следната сезона.

Тухел во минатото беше тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд, ПСЖ и Челзи, а сега медиумите од Островот шпекулираат дека тој е пред враќање во Премиер лигата. Тренерот на Баерн е еден од кандидатите за клупата на Манчестер јунајтед во случај да се раздели од Ерик тен Хаг. Доколку ваквиот тренерски трансфер се случи, тоа би било исполнување на желбата за Тухел, кој отсекогаш велел дека сака да биде тренер на Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести