И Виера кандидат за клупата на Милан

Времето на Џенаро Гатузо во Милан постепено му истекува, а раководството веќе разгледува неколку опции за нов предвоник на тимот. На популарниот Рино му се заканува отказ доколку Росонерите не обезбедат пласман во Лигата шампионите, а се чини дека во последните три кола во Серија А, шансите за такво нешто им се сè помали.

Иако извесно време се споменува името на екстренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо, нов кандидат кој претендира за жешкото столче на „Сан Сиро“ е Патрик Виера.

Сегашниот предводник на Ница добро се покажа во француското првенство, а посебно на челниците на Милан им се допаѓа што Виера знае да го наметне својот авторитет во соблекувалната. Особено го покажа тоа во случајот со Марио Балотели. Меѓусебното недоразбирање на крај заврши во полза на стратегот, а италијанскиот фудбалер го напушти клубот.

Исто така, Виера би се вратил на добро познато место, бидејќи ги бранеше боите на Милан во сезоната 2995/96, додека искуството во Италија го надогради играјќи за Интер и Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести