И во Премиер лигата доминација на домаќините, Арсенал даде само два гола, Барнли дури пет (Видео)

Домашните екипи славеа и на првите три меча од денешната програма во Премиер лигата. Арсенал дилемите околу победникот ги реши во првите 13 минути и му избега на Манчестер сити на четири бода на лидерската позиција на табелата.

Букајо Сака во шестата минута го отвоти резултатот, а Мартин Одегард во 13-та минута зголеми на 2:0.

Во финишот на мечот, Вулверхамптон го ублажи поразот преку Куња.

Најубедлив беше Барнли кој со 5:0 го совлада Шефилд јунајтед и притоа пет различни фудбалери се запишаа во листата на стрелци.

Во првото полувреме, двата гола за Барнли ги постигнаа Џеј Родригез и Јакуб Ларсен, додека во вториот дел домашниот тим даде уште три гола.

Амдуни во 73-та, Колеошо во 75-та и Браунхил во 81-та минута ја заверија убедливата победа на Барнли.

Брентфорд со 3:1 го совлада Лутон, а сите четири гола беа постигнати во второто полувреме.

Маупаи и Ме во 49-та и 56-та минута му донесоа водство на Брентфорд од 2:0, по што Браун во 76-та минута намали на 2:1. Баптист со голот во 82-та минута ја врати предноста од два гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести