И во ракометот измислија Паненка пенал (Видео)

Данскиот ракометар Бастер Јул направи фантастичен потег при изведување на еден пенал. Ракометарот на Алборг изведе досега невиден пенал, кој може да го добие името Паненка во ракометот.

Јул најпрво направи „лажњак“, а откако го фати голманот на „крива нога“, само ја фрли топката над главата на голманот.

„На тренинг го вежбав овој шут кога шутираме пенали за загревање. Многупати ми успеало на тренинг и имав голема самодоверба дека ќе погодам уште еднаш“, рече ракометарот на Алборг.

https://twitter.com/i/status/1461054532406939649

- Оглас -

Најнови вести