И во Серија А ќе се прават по пет измени

Италијанската фудбалска федерација го одобри предлогот од ФИФА да се користат по пет измени за време на натпреварите во остатокот од актуелната сезона. Клубовите во Серија А ќе може да прават по пет измени во три интервали, додека во Купот ќе може да се врши и шестта измена доколку мечевите дочекаат и продолженија од 30 минути.

Ова правило веќе на големо се користи во Бундеслигата по рестартот на сезоната во германскиот шампионат, додека премиерлигашите вчера го одобрија ова правило и при тоа клубовите ќе имаат по девет резерви, наместо по седум како по обичај.

Петте измени ќе важат во остатокот од сезоната 2019/20, која ќе продолжи на 20 јуни, а седум дена порано ќе се одиграат реванш-дуелите од полуфиналето во Купот на Италија, каде што ќе се сретнат Јувентус и Милан, односно Наполи и Интер.

- Оглас -

Најнови вести