И во време на криза, Санчо е недопирлив

Преселбата од Манчестер сити во Борусија Дортмунд за помалку од осум милиони евра се покажа како одличен потег на Баварците кога го ангажираа Џејдон Санчо во 2017 година. Нема сомнежи дека клубот од „Сигнал Идуна парк“ ќе оствари огромна заработка при негова продажба во иднина.

Пред да се случи пандемијата со Коронавирусот, од таборот на Милионерите потенцираа дека Санчо може да замине само во случај да стигне понуда повисока од 110 милиони евра. Ниту кризата нема да ја спушти цената на одличното англиско крило, иако се верува дека цените на фудбалерите драстично ќе опаднат откако ќе помине овој тежок период.

Сепак, тоа нема да биде случајот со Санчо, односно Дортмунд нема да попушти во своите барања. Засега Манчестер јунајтед е фаворит за неговиот потпис откако се појавија шпекулации дека претставници на Црвените ѓаволи се во контакт со агентот на Санчо, меѓутоа нема конкретна понуда.

Пред прекинот на сезоната, Санчо одигра вкупно 35 меча за Дортмунд во сите натпреварувања, во кои забележа 17 погодоци и 19 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести