И Војдан Стојановски денеска тренираше, со капитенот против Естонија на стартот од квалификациите за ЕП 2025?!

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Војдан Стојановски, го одработи денешниот тренинг во СРЦ „Кале“, каде што кошаркарите се подготвуваат за утрешниот натпревар против Естонија на стартот од квалификациите за ЕП 2025.

Војдан Стојановски се повреди за време на завршниот турнир од Купот на Македонија, на кој триумфира неговиот МЗТ Скопје. Првичните дијагнози за повредата на задниот дел од бутниот мускул беа дека ќе треба да паузира две до три недели, но капитенот беше дел од денешниот тренинг и најверојатно ќе игра на утрешниот натпревар.

Конечниот збор дали капитенот ќе настапи против Естонија ќе го даде лекарскиот тим на репрезентацијата.

- Оглас -

Најнови вести