И жените знаат да бидат брутални, жесток нокаут ја реши борбата на две некогашни цимерки (Видео)

Аманда Рибас ја нокаутираше Луана Пињеиро во интересна бразилска ММА пресметка помеѓу две девојки кои некогаш живееја заедно како цимерки.

На УФЦ 323 настанот, 30-годишната Аманда покажа зошто ја сметаат за една од најатрактивните и најжестоки во својата категорија. Таа со одличен удар со нога в лице ја раздрма својата противничка, а потоа ја докрајчи со серија боксови. За Луана заврши серијата од девет победи по ред.

- Оглас -

Најнови вести