Иако имаше разочарувачка сезона: ПСЖ му даде нов договор на Покетино

Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино потпиша нов договор со Пари Сен Жермен, според кој ќе остане на клупата на Светците до јуни 2023 година. Покетино дојде во ПСЖ во јануари оваа година, наследувајќи го Томас Тухел. Првично потпиша договор до јуни 2022 година, а сега договорот му е продолжен за уште една сезона.

Во 34 меча како тренер на ПСЖ, францускиот тим имаше 23 победи, седум порази и четири нерешени. Светците не успеаа да ја одбранат титулата во француското првенство, откако во драматична завршница Лил стигна до трофејот. ПСЖ беше елиминиран и во Лигата на шампиони, па минатата сезона може да се каже дека беше разочарувачка, но Покетино добива шанса да се докаже.

 

- Оглас -

Најнови вести