Иако нема да игра во полуфиналето – Уште нема 20 години, а веќе е херој на Буркина Фасо (Видео)

Напаѓачот на француски Лоријон, Данго Оутара е вистински херој на Буркина Фасо и стрелец на единствениот гол со кој е елиминиран Тунис во четвртфиналето на Африканскиот куп на Нации.

Момчето кое во февруари ќе го прослави 20-от роденден одлично реагираше во последната минута од судиското продолжение во првото полувреме и постигна победнички гол.

Оутара за жал на селекцијата на Буркина Фасо потоа направи глупост и беше исклучен во 81. минута поради втор жолт картон.

Тој нема да игра во полуфиналето против победникот од дуелот Сенегал со Екваторијална Гвинеа.

Досега најголем успех на Буркина Фасо е финалето на АФКОН во 2013 година кога загубија од Нигерија со 0:1.

Во полуфиналето се пласира и Камерун, кој е домаќин на турнирот, по победата против Гамбија со 2:0.

- Оглас -

Најнови вести