Иако сè уште е големо градилиште, Лапорта најави: „До крајот на годината се враќаме на Камп ноу“ (Видео)

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави дека екипата до крајот на календарската година ќе се врати на својот стадион, „Камп ноу“ иако работите сè уште не се завршени. До крајот на годинава капацитетот ќе биде ограничен на 60%, а на почетокот на следната на 90-95% бидејќи работите тековно ќе се одвиваат, а по нивното завршување „Камп ноу“ ќе може да прими 105.000 гледачи. Реновирањето чини 1,4 милијарди евра.

„Убедени сме дека е реалност враќање на нашиот стадион до крајот на 2024 година, иако се појавуваат различни пречки кои секојдневно ги решаваме. Желбата да се вратиме е апсолутна, а ако нема некои поголеми пречки, ќе се вратиме за Нова година“, рече Лапорта.

- Оглас -

Најнови вести