Ибра доби црвен картон за глупост, но Парма тоа не го искористи (Видео)

Милан славеше на гостувањето кај Парма со 3:1, иако Росонерите во последните 30 минути беше со играч помалку, откако беше исклучен Златан Ибрахимовиќ. Анте Ребиќ погоди за водство на гостите уште во осмата минута, а до крајот на полувремето Франк Кеси зголеми на 2:0.

Во 60 минута, Ибрахимовиќ сосема беспотребно заработи директен црвен картон, откако упати неколку навреди кон главниот судија, па беше исклучен. Парма намали на 1:2, но во 94 минута Рафаел Леао го потврди триумфот на Росонерите.

 

- Оглас -

Најнови вести