Ибра ги намести голгетерските „справи“, Полска треба да се плаши (Видео)

Златан Ибрахимовиќ не можеше да игра за Шведска во дуелот против Чешка во полуфиналето на плејофот за пласман на Светското првенство, но легендарниот голгетер е подготвен за финалниот дуел од баражот против Полска.

Популарниот Ибра беше суспендиран за дуелот против Чешка, но продолжи вредно да тренира. Утревечер Ибрахимовиќ треба да е во стартниот состав на гостувањето во Полска, дуел кој треба да даде уште еден европски патник на Мундијалот во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести