Ибра напаѓа и надвор од теренот, „фатен“ на вечера со најубавата спортска новинарка во Италија

Златан Ибрахимовиќ синоќа даде два гола за Милан во победата од 2:1 на гости кај Сасуоло. Освен со добрите игри на теренот, првата ѕвезда на Милан е актуелна и по активностите кои ги има надвор од фудбалот. Веќе некое време трае дружењето на Ибра со најубавата спортска новинарка во Италија, Дилета Леота.

Комуникацијата на овие двајца започна преку социјалната мрежа „Инстаграм“, кога Златан јавно коментираше на фотографии на атрактивната девојка. Подоцна тие станаа и пријатели, снимија реклама за фитнес, а потоа се појави и видео како Златан ја следи Леота додека вежба.

https://www.instagram.com/p/CCtzBo7gKwr/?utm_source=ig_embed

Медиумите во Италија започнаа да пишуваат дека меѓу Златан и Дилета постои нешто повеќе од пријателство, посебно откако се појави фотографија на која се гледа како заедно излегуваат од еден ресторан во Милано. Шпекулациите се дека Дилета неодамна раскинала со своето момче, боксерот Даниел Скардини, но засега нема потврда за тоа.

Боксерот останал на одмор на Ибица, додека Дилета уживала во друштво на Златан, а потоа заминала со своите родители и пријатели на Сицилија за да се одмори од сите активности кои ги имаше во последните 10-тина дена.

- Оглас -

Најнови вести