Ибра утна дури три од последните пет пенали, но Пиоли верува во него

Шведската фудбалска легенда Златан Ибрахимовиќ синоќа на мечот на Милан со Спарта Прага утна пенал во првото полувреме, по што беше оставен во соблекувална и не играше во второто полувреме, но тренерот Стефано Пиоли има неизмерно голема доверба во него. Пиоли најави дека нема намера да го смени изведувачот на пенали за Росонерите, иако 39-годишниот Златан утна три од последните пет шута од белата точка.

Од август наваму, ниту еден друг играч од Топ 5 лигите не утнал повеќе пенали од Ибрахимовиќ. Златан синоќа не ги погоди ни рамките на голот, што му се случува по вторпат во кариерата (првиот пат на ЕП 2004, на меч на Шведска со Холандија).

„Златан ќе продолжи да ги изведува пеналите, иако вечерва не погоди. Не размислувам за промена на изведувачот“, изјави тренерот Пиоли.

- Оглас -

Најнови вести