Ибрахимовиќ бил неправедно исклучен, судијата не разбрал што му кажал

Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ ни крив ни должен мораше да го напушти теренот во 60 минута на дуелот Парма – Милан. Првата ѕвезда на Росонерите доби црвен картон од судијата Фабио Мареска, откако арбитарот не слушнал добро што му било дофрлено.

Ибрахимовиќ на италијански му рекол „Mi sembra strano – ми изгледа чудно“, а судијата разбрал дека Златан го нарекол копиле „Sei un bastardo“ и затоа го исклучи.

Милан најави жалба за црвениот картон и се надева дека одлуката ќе биде поништена.

 

- Оглас -

Најнови вести