Ибрахимовиќ: Не само Милан, цел свет ме бара!

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој во моментов го носи дресот на Лос Анџелес галакси, изјави дека за неговите услуги се интересира целиот свет. Пред неколку дена, се појави информација дека Милан е во сериозни преговори со агентот на Ибрахимовиќ, и оти можно е Златан да се врати во тимот чиј директор е неговиот пријател Леонардо.

Иако има 37 години, Ибрахимовиќ е во добра физичка форма и уште е во редот на најдобри светски напаѓачи. Во американската МЛС лига, има 20 гола на 24 настапи. Тој беше член на Милан од 2010 до 2012 година и даде 56 гола на 85 меча.

„Секогаш има шпекулации. Цел свет ме сака. Во ред е тоа“ – прокоментира Ибрахимовиќ.

Од Милан изјави дека Ибрахимовиќ има блиски односи со нивниот клуб, и не сакаат да негираат дека би го вратиле во своите редови, но во моментов тоа е тешко остварливо. Договорот на Ибрахимовиќ со Галакси важи до 2019 година, но примамлива понуда може да го врати во некој европски клуб.

- Оглас -

Најнови вести