Ибрахимовиќ одлучи кој ќе биде новата „деветка“ во Милан

Поранешниот напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ, кој сега е дел од управата и стручниот штаб на Росонерите, одреди кој ќе биде новиот напаѓач на екипата од следната сезона.

Според весникот „Газета дело спорт“, налето од Милан ќе си замине Оливие Жиру и на негово место, според Ибрахимовиќ, треба да пристигне напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзе.

Холанѓанецот игра одлично сезонава, на 28 натпревари постигна десет гола и има шест асистенции и е еден од најзаслужните што Болоња се наоѓа во врвот на табелата и се бори за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Според „Газета дело спорт“, Баерн Минхен има приоритет при купување на Зиркзе, но германскиот тим нема да го направи тоа бидејќи го има Хари Кејн и Холанѓанецот на инсистирање на Ибрахимовиќ, во трансфер вреден 40 милиони евра, ќе се пресели во Милан.

- Оглас -

Најнови вести