Златан Ибрахимовиќ сака да биде 13-тиот играч на Милан во претстојната сезона и открива како го убедил Алваро Мората да им се приклучи на Росонерите.
„Му реков на Мората дека Милан е идеално место и дека позицијата број 9 е најдоброто што можеме да го понудиме, со играчи како Пулишиќ, Рафаел Леао и Чуквуезе околу него“, изјави Ибрахимовиќ.
„Сакаме само да го направиме среќен, а тој ќе се претстави добро. Не познавам играч кој е несреќен овде, сите се фокусирани само на фудбалот. Ние сме супер самоуверени и супер оптимисти, го пречекуваме со раширени раце“, додаде Ибра.
Поранешниот голгетер кажа и дека планира да биде 13-тиот играч на Милан.
„Сакам да бидам 13-ти играч на Милан на теренот. Навивачите се 12-тиот, а јас сум 13-тиот“, објасни советникот на компанијата која го поседува Милан и човек кој е тесно поврзан со клупските директори на трансфери и долгогодишни проекти.