Во самиот финиш од дербито меѓу Милан и Лацио кое припадна на Росонерите, го одблежеа Златан Ибрахимовиќ со гол во неговиот камбек на терените по три месеци пауза, а како за „добредојде назад“ предизвика инцидент.
Лукас Леива со доза повеќе на агресивност му влезе на Ибрахимовиќ во сопствениот простор, овој не сакаше посебно да реагира и го задржа играчот на Лацио за вратот, по што веднаш фудбалерите на двете екипи се пуштија кон нив, некои да делат, а некои да се пресметаат. Околу мешаницата покрај аут-линијата, остро реагираше Маурицио Сари кој веројатно упати навреди кон Швеѓанецот и потоа тргна да се објаснува со судијата, тренерот на гостите па заработи црвен картон.
https://twitter.com/btsportfootball/status/1437116464348209156