Ибрахимовиќ си доби награда по загубеното дерби против Интер (видео)

Милан го загуби дербито против Интер со 3-0 изминатиов викенд, а еден од играчите кој најмногу трпеше критики е Златан Ибрахимовиќ. Шведскиот ветеран сезонава блеска во дресот на Росонерите, меѓутоа потфрли во најважниот натпревар на неговата екипа, па си доби награда за тоа.

Италијанскиот новинар Валеро Стафели му ја додели наградата „Златен тапир“ на Ибрахимовиќ, меѓутоа тој не потпадна на провокацијата.Ова признание Стафели го доделува на играчи кои се губат на терените во најважни моменти.

„Беше тешко против Интер, доста грешевме. На следниот натпревар ќе ја земам оваа награда со мене, можеби ќе ми донесе среќа“, изјави Ибрахимовиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=KOPU1cWvgMc&feature=emb_title

- Оглас -

Најнови вести