Ибрахимовиќ заминува од Милан, клубот ќе му организира прослава за збогум

Договорот помеѓу Милан и Златан Ибрахимовиќ завршува со крајот на оваа сезона и нема да биде потпишан нов. Ова и официјално го потврдија од Милан.

Ибрахимовиќ оваа сезона се мачи со повредите и одигра само 144 минути за Милан, но успеа да се запише во листата на стрелците со што стана и највозрасниот стрелец во Серија А со 41 година.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, потврди дека Ибрахимовиќ нема да биде во конкуренција за настап против Верона, но после натпреварот ќе биде организирана свеченост во негова чест.

– “Милан ќе се збогува со Златан Ибрахимовиќ на мала свеченост, во која ќе бидат вклучени сите гледачи. Му се заблагодаруваме на величенствените заеднички години.“ – изјави портпаролот на Милан.

- Оглас -

Најнови вести