Идеален ден за Вардар 1961 да ги „прелаже“ Унгарците и букмејкерите

Ракометарите на Вардар 1961 ќе се обидат да го совладаат фаворизираниот Веспрем во вечерашниот меч (18.45 часот) од осминафиналето во Лигата на шампионите и да не дозволат ова да им биде последен натпревар од ЛШ во „Јане Сандански“ сезонава. Според квотите во обложувалниците, унгарскиот тим во којшто играат дури пет поранешни членови на Вардар, е фаворит.

Во 2019 година, Вардар во финалето на ЛШ го победи Веспрем со 27-24, но севкупно традицијата е на страна на противникот. За Веспрем играат некогашните вардарци Борозан, Манасов, Македа (нема да игра вечерва), Мораеш и Шишкарев.

Кај Вардар се враќа полскиот пикер Патрик Валчак, тука е и Ловро Јотиќ, па тренерот Стевче Алушовски, кој верува дека неговиот тим е во подобра форма отколку во септември кога беше надигран во финалето на СЕХА од Веспрем, може да смета на сите првотимци.

- Оглас -

Најнови вести