Идеалниот „дрим-тим“ на Дејвид Бекам е страшен (Фото)

Англиската фудбалска легенда Дејвид Бекам во својата играчка кариера настапуваше за големи клубови, како Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Милан, ПСЖ, заврши во Лос Анџелес галакси, па настапувал со многу големи ѕвезди на светскиот фудбал и немаше лесна задача да одбере идеален тим од негови соиграчи.

Тимот кој го селектираше 45-годишниот Бекам изгледа застрашувачки.

На голот на Петер Шмајхел, во одбраната се Гери Невил, Алесандро Неста, Паоло Малдини и Роберто Карлос. Во средниот ред тој ги одбра Пол Сколс, Рој Кин, Луис Фиго, Зинедин Зидан и Роналдињо, а во напад како шпиц го одреди Бразилецот Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести