Иџе објави дека е позитивен на ковид-19!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе е позитивен на ковид-19, а тој самиот го потврди ова преку социјалните мрежи.

„За жал, позитивен! Сега малку одмор и да се надеваме дека сè ќе биде во ред“, напиша популарниот Иџе на својот фејсбук-профил.

Стефановски изминатиот викенд во Имола ги заврши настапите во оваа 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести