Новиот дизајн на болидите најверојатно ќе се појави за три години на патеките, а денес беа објавени првите фотографии како ќе изгледаат „машините“ кои ќе ги возат Хамилтон, Фетел и останатите.
Формула 1 соопшти дека е во соработка со меѓународната автомобилска федерација, заедно го составуваат новиот модел на болиди кои ќе се возат во иднина и ќе имаат подобри перформанси.
Еден од поранешните шефови на Мерцедес тимот, истакна дека на моделот се работело во последните година дена, а најголемо внимание се обрнувало на аеродинамиката. Приоритет во измените бил предниот дел на болидите, односно предните сполјери. Целта е да се намали заостатокот на возилата кои имаат пред себе друго возило.
Во текот на следната година, првиот прототип на новите болиди ќе биде тестиран, а потоа и усовршуван, со цел да бидат максимално подготвени за официјалното претставување и ставање во употреба.
2️⃣0️⃣2️⃣1️⃣
👀 First look >> https://t.co/rkRvM2ztpH#F1 pic.twitter.com/Q1VZxiDedf
— Formula 1 (@F1) September 14, 2018