Иднината на Македонија се распука – Милан Ристовски и Дарко Чурлинов со деби голови, го декласиравме Казахстан

Милан Ристовски има деби какво што посакуваше за Македонија, со погодок по само 12. минути, откако влезе во игра, а веднаш по него и најмладиот наш репрезентативец Дарко Чурлинов го постигна својот прв гол за репрезентацијата.

Македонија со головите на нашата фудбалска иднина води со 4:0, откако претходно и Алиоски и Тричковски беа прецизни. Милан Ристовски погоди во 74. минута, а Чурлинов беше прецизен само 120 секунди подоцна.

И двајцата покажаа дека нашата селекција има перспектива, а головите беа извонредни, особено четвртиот на Чурлинов.

- Оглас -

Најнови вести