Игор Тудор треба да биде новиот тренер на Елмас во Наполи

Поразот на Наполи на свој терен од Емполи ја прели чашата и италијанскиот првак ќе добие нов тренер. Италијанските медиуми потврдуваат дека Руди Гарсија ќе добие отказ, а како негов најсериозен наследник се споменува Игор Тудор.

Наполи како бранител на Скудетото во Серија А има очаен биланс и по 12 меча заостанува дури 10 бода зад лидерот Интер. Гарсија летово дојде на тренерската позиција во Наполи наследувајќи го шампионскиот тим на Лучано Спалети. Сепак, резултатите во новата сезона се далеку од ланските, па Гарсија ќе си замине, а ќе му биде исплатена платата што е договорена до крајот на сезоната, а тоа е 2,8 милиони евра.

Тудор е слободен на пазарот, а последно Хрватот работеше во Олимпик Марсеј, клуб од којшто си замина летово.

- Оглас -

Најнови вести