Игра тикети со добивка најмногу до 10.000, а победата во етапата од „До 50 шанси за 100.000“ му донесе 100 илјади денари

Скопјанецот Мајкл Марковски уште долго ќе го памети минатиот викенд бидејќи со успешно типување и малку среќа, освои 100.000 денари од Sport Life благодарение на одличниот тикет на којшто имаше погодено дури 45 пара со квота од 1.25 или поголеми, колку што се бара како услов во акциската игра „До 50 шанси за 100.000 денари“.

На тикетот има 50 парa, Мајкл погодил дури 45, а беше блиску и до уште поголема бројка бидејќи кај некои мечеви за еден гол не го погодуваше прогнозираниот исход. Овие 100 илјади за победата во втората неделна етапа од играта, се најголема добивка за Мајкл во неговата обложувачка кариера.

„Често играм, уплаќам по неколку пати во неделата, но досега не сум фатил толку голема добивка. Имав и среќа, но можев да имам и уште поголема бројка на погодоци, Марсеј не даде гол во второ полувреме, а во првото беше 2-2. Уплаќам помали суми и играм пореални тикети, со максимум можна добивка до 10.000 денари, не повеќе“, вели Мајкл, кој беше најуспешен прогнозер во периодот од 6 до 12 март, а во тек е третата етапа, која трае од 13 до 19 март.

Подароци има и за второпласираниот и третопласираниот од секоја етапа.

Победникот на втората етапа на „До 50 шанси за 100.000 денари“ си има омилена игра, која најчесто се наоѓа на неговите тикети уплатени во Sport Life.

„Најмногу играм 1 и Тим 1, или двојка и Тим 2. Како што кажав, уплаќам по неколку пати во неделата и како и кај секој друг, имало разни ситуации, сум имал и убави добивки, а и сум паѓал за една. Играм строго фудбал, а и НБА знам да одиграм кога ќе почне плејофот, сакам да ги бркам и нив. Тенис, хокеј и другите спортови не ги следам толку, не се разбирам доволно и затоа не ги играм“, открива Марковски, кому омилен тим му е Ливерпул, а и Црвените се често присутни на неговите тикети.

„Навивам за Ливерпул, ама сезонава некако не оди, не се тоа што беа. Ги ставам на ливче, прогнозирам на нив од срце, ама некако очекував повеќе сезонава, средниот ред им е ужас“, анализира Мајкл.

Мајкл е презадоволен од победата во „До 50 шанси за 100.000“, а за да добиете шанса и вие, треба да се обидувате и да составите тикети со 50 меча. Инаку, сите детали околу оваа акциска игра на Sport Life може да ги најдете ТУКА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести