Играа „лист, камен, ножички“ за да одлучат кој ќе победи (Видео)

Словенскиот велосипедист Тадеј Погачар како втор заврши на четвртата етапа од трката „Низ Словенија“, препуштајќи му ја победата на неговиот тимски колега од УАЕ тим емирати, Рафал Мајкa од Полска.

Пред крајот на етапата, Погачар му предложи на Полјакот наместо со спринт во последните неколку стотина метри, да играат „лист, камен, ножички“ за да одлучат кој ќе биде прв, а кој втор.

Мајкa ја прифати понудата двајцата ја одиграа играта на која подобар беше полскиот велосипедист. Потоа Погачар подзастана за неговиот тимски колега буквално за милиметри да биде побрз од него.

И по оваа етапа, Погачар ја задржа Зелената маичка во вкупниот поредок, со само три секунди пред Мајкa.

- Оглас -

Најнови вести