Играа полуфинале во ЛШ, беа шампион на Шпанија, а сега навивачите им ги фрлаат дресовите (Видео)

Депортиво Ла Коруња сезонава се надева дека ќе може да се избори за враќање во Примера дивисион во Шпанија. Некогашниот првак, но и учесник во полуфиналето од Лигата на шампиони, вчера ги разочара навивачите на „Риасор“. Иако Ла Коруња беше фаворит во дуелот против Рајо Маџадахонда, гостите се радуваа на триумф од 2:0.

По овој пораз, Ла Коруња е се подалеку од мисијата да се врати во Примера. Тимот има само една победа во последните пет првенствени дуели и со 54 бодови падна на петото место. Тоа е позиција која води во разигрувањето за влез во Примера, но Ла Коруња до пред неколку кола беше со реални шанси за едно од првите две места кои носат директен пласман во елитата.

По завршување на вчерашниот меч, домашните навивачи беа толку незадоволни од играта на своите миленици, што дел од нив започнаа да ги фрлаат дресовите.

 

- Оглас -

Најнови вести