Играч на Барса направи пенал над ексчлен на Реал, а фановите на Барса славеа, на Реал се жалеа

Финалето на Светското првенство придонесе многу навивачи на Реал Мадрид и Барселона да си ги сменат улогите кои би ги имале во нормална ситуација.

Кога фудбалер на Барселона (Дембеле) го фаулираше Ди Марија (некогашен играч на Реал) во 16-никот и беше досуден пенал, фановите на Барса беа тие што славеа, а на Кралскиот клуб се жалеа дека контактот не бил за најстрога казна.

Потоа Ди Марија даде и гол, а навивачите на Барса уште повеќе се радуваа. Ова се случуваше поради нешто што нема врска ни со Ди Марија, ни со Дембеле, туку со Лионел Меси. Поддржувачите на Барса беа најголеми фанови на Аргентина за време на Мундијалот и не им беше важно што ќе се случува на теренот, само Меси да дојде до најпосакуваниот трофеј што го освои откако си замина од каталонскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести