Играч на Челзи нападнат од група разбојници поради девојка

Фудбалерот на Челзи кој сезонава е на позајмица во Барнли, Дени Дринквотер, вчера бил претепан од страна на група разбојници пред еден ноќен клуб во Манчестер. Како што известуваат англиските медиуми, конфликтот бил поради девојка на друг фудбалер, по што шест непознати лица го начекале Дринквотер да му одржат лекција.

Повремениот англиски репрезентативец прво се однесувал недолично во клубот бидејќи бил под дејство на алкохол, а откако го обезбедувањето го исфрлило надвор, разбојниците одлучиле да му наштетат, а според неколку очевидци имало и довикувања „скрши му ги нозете“.

Дринквотер така се здобил со неколку повреди на главата и рацете, а пред сè ги скинал лигаментите на зглобот од едната нога, поради што може да паузира неколку недели. Инаку ова не е прв случај на Дринквотер да прави проблеми под дејство на алкохол.

Пред само неколку месеци му беше одземена возачката дозвола поради што возел во алкохолизирана состојба и со својот автомобил се заби во ѕид.

- Оглас -

Најнови вести