Играч на Јувентус е пред трансфер во Борусија Дортмунд

Емре Џан, фудбалерот на Јувентус, е пред трансфер во Борусија Дортмунд. Двата клуба веќе некое време преговараат, а според најавите, реализацијата на трансферот треба да се случи во најскоро време. Германецот со турско потекло сезонава не успеа да се избори за место во стартниот тим на Јувентус, па најдобро за него е да најде нов клуб.

Џан дојде во Јувентус во 2018 година од тимот на Ливерпул, а сезонава има само осум меча во Серија А, што е многу помалку од 29-те настапи во претходната сезона. Дефанзивниот играч за врска во Ливерпул помина четири сезони, а претходно играше за Баер Леверкузен и Баерн Минхен, што значи дека нема да има голем проблем да се прилагоди во Борусија Дортмунд.

 

- Оглас -

Најнови вести