Играч на Лестер ја згрози јавноста со непочитувањето кон Челзи (Видео)

Фудбалерот на Лестер, Даниел Амарти, стана најкритикуваниот човек во Англија откако објави снимка на која тој во соблекувалната фрла на земја капитенското знаменце на Челзи, тимот кој Лисиците го победија со 1-0 во финалето на ФА купот. Амарти кој е од Гана, не играше на натпреварот, а претера при прославата во соблекувалната и направи неспортски потег, при што дури и се снимаше со задоволство.

Особено во Англија ваквите потези не се простуваат, останува да се види какви консеквенци ќе има по Амарти после ова непочитување. Задутре Челзи го пречекува Лестер во Премиерлигата, и сигурно ќе биде тензично, особено ако Амарти се појави на терен.

https://twitter.com/i/status/1393663702616973315

- Оглас -

Најнови вести